ПОВЕЌЕ

    Дизни губи над 90 отсто од профитот поради коронавирусот

    Време зa читање: 2 минути

    Во тематските паркови на Дизни има вработено 77 илјади работници и ова е компанија со најголем број вработени во САД.

    Профитот на компанијата Дизни опаднал за 91 отсто во првите три месеци од годинава поради затворањето на тематските паркови ширум светот, пренесува „Си Ен Ен“.

    Иако продажбата за овој период од годината забележала пораст од 21 процент, на 18 милијарди долари, профитот на компанијата претрпил огромна штета поради затворањето на забавните паркови, како и поради огромните трошоци за покренување на „стриминг“ услугата Дизни +.

    Кон средината на април компанијата престана и со исплата на плати на голем број од вработените, но навеле дека тие ќе можат да ги задржат бенефициите, како здравствените.

    Оперативните приходи на овој сегмент на Дизни опаднале за дури 58 отсто во однос на минатата година, што пак е резултат на карантинските мерки и забраните за патување.

    Во тематските паркови на Дизни има вработено 77 илјади работници и ова е компанија со најголем број вработени во САД.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично