ПОВЕЌЕ

    Дивиденда од 11,6 милиони евра за акционерите на Цементарница Усје

    Време зa читање: 2 минути

    Акционерите на Цементарница Усје АД Скопје ќе поделат дивиденда 11,6 милиони евра, што е противвредност на предвидените 717.697.032 денари. Овој износ е сочинет од ланската остварена добивка и од неискористената реинвестирана добивка од 2021 година. Предложената одлука ќе се потврди на Годишното собрание на акционери, закажано за 16 мај.

    Од работењето во деловната 2022 година, Цементарница забележа добивка од 16,69 милиони евра или 1.029.331.828 денари.  Според распределбата, за дивиденда на акционерите се издвоени  10,2 милиони евра (629.461.605 денари), а за реинвестирана добивка 6,4 милиони евра (399.870.223 денари).

    Неискористената реинвестирана добивка од 2021 година, која исто така се наменува за исплата на дивиденда, е во износ од 1,4 милиони евра (88.235.427 денари). Оттука и вкупната сума од 11,6 милиони евра, при што вредноста на една акција е 1.273 денари, односно нешто повеќе од 20 евра.

    Според календарод, последен ден на тргување со право на дивиденда е 30 мај, а прв ден на тргување без право на дивиденда е 31 мај. Датумот на евиденција, пак, согласно кој се определува листата на акционери кои се со право на дивиденда е први јуни.

    Исплатата на средствата од дивидендата ќе се изврши најдоцна до 30 септември.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично