ПОВЕЌЕ

    Денес Народната банка ќе ги објави новите макроекономски проекции

    Време зa читање: < 1 минутa

    Народната банка денеска на прес-конференција ќе ги соопшти најновите макроекономски проекции. Показателите за новите проекции ќе ги презентира гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.

    Според последната проекција на Народната банка во април растот на економијата за годинава е предвиден на 3,5 отсто. На последната седница Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка оцени дека очекува да се достигне овој раст од 3,5 отсто.

    Статистичките податоци покажуваат раст на економијата во првиот квартал од 4,1 и во вториот квартал од 3,1 отсто. Народната банка оценува дека поволни движења во економијата има и во третиот квартал.

    За наредната година, според последната проекција, се очекува забрзување од 3,8 отстсо и четири отсто во 2021 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично