ПОВЕЌЕ

    Дали парите можат да ви донесат среќа?

    Време зa читање: 2 минути

    Пронаоѓањето на 500 денари на тротоарот може да ви донесе насмевка, но дали може навистина да ви купи среќа? Истражувањата велат дека може да постои вистина за старата поговорка.

    Едно истражување од универзитетот Yale и Универзитетот во Cambridge открива дека е можно да се добие „среќа“, повеќе отколку што некогаш мислевме. Станува збор за тоа како ги трошиме ресурсите.

    Истражувачите анализирале 76.000 банкарски сметки, испитувајќи ги луѓето што ги трошеле своите пари, или материјални предмети и искуства. Истражувањето го рангираше задоволството на учесниците од нивните набавки во однос на нивните карактери.

    Тоа се базирало на теоријата „Голема петорка.“ За оние што не знаете за што станува збор, „Големата петорка“ се заснова на пет различни карактеристики: отвореност кон искуство, совесност, екстраверзија, согласност и невротизам. Истражувачите тогаш анализирале дали навиките за трошење на учесниците се совпаѓаат со нивните карактери.

    Истражувањата покажуваат дека трошењето пари за други луѓе ќе ве направи посреќни отколку да ги трошите само за себе.

    Она што тие го открија може да ве изненади: Студијата откри дека трошењето пари може, да ја зголеми вашата среќа – ако се потрошат на начин кој е согласен со вашата личност. Со други зборови, размислете за кого купувате и за што купувате. Тоа би можело да направи голема разлика.

    Не дозволувајте другите да ви вршат притисок да трошите за нешто што навистина нема да ве исполни. Ако некој член од вашето семејство помине луксузен одмор на Малдивите, но вие не се согласувате со таа одлука, земајки ги во предвид вашите пари, обидете се да најдете компромис помеѓу вашите личности пред ситуацијата да ескалира.

    Откако ќе воспоставите јасни параметри кои се усогласуваат со вашата личност и целите, одвојте време да ги искористите вашите искуства и набавки. Ако сте интровертен, не се чувствувајте лошо кога трошите на некои книги. Ако сте екстровертен, одете на концерт или пружете си го патувањето за кое долго време сте размислувале. Што и да правите, бидете свесни дека парите можат да ве направат среќен доколку се во согласност со вашите вредности, вашиот карактер и работите кои вистински ви значат во животот.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично