ПОВЕЌЕ

    Дали ќе го казнат Маск за контроверзните твитови?

    Време зa читање: 2 минути

    Во изминатите две години два твитa од Илон Маск го прекршија договорот со американската Комисија за хартии од вредност.

    Имено, адвокатите на Тесла мораа да одобрат одредени објави што тој ги остави на таа социјална мрежа.

    Инаку, шефот на Тесла е познат по неговото опуштено користење на Твитер, каде неговиот стил на изразување е многу различен од комуникацијата на другите високи раководители на компанијата.

    Така во 2018 година тој се најде на удар откако твитна за Тесла, па Комисија за хартии од вредност го обвини за тоа. Маск ја прифати судската одлука со цел да се реши прашањето, а пред тоа адвокатите на Тесла мора да ги ревидираат сите објави на социјалните мрежи во кои има информации кои се материјално важни за акционерите.

    Неколку месеци подоцна, откако беше повикан да се огласи по повод на таа одлука, договорот беше изменет и вклува список на одредени теми за кои на Маск му треба дозвола да твита. Списокот вклучува твитови за финансиската состојба на компаниите, обемот на производството и за новите деловни потфати.

    Комисија за хартии од вредност гја извести Тесла дека два твита на Маск меѓу 2019 и 2020 година – едниот за обемот на производство на соларен покрив на Тесла, а другиот за цената на акциите на компанијата – не го добиле потребното одобрување однапред.

    Не било прецизирано за кои твитови станува збор, сепак, во јули 2019 година, Маск објави на Твитер дека Тесла „се надева дека ќе произведе околу илјада соларни покриви неделно до крајот на годината“, што веднаш го покрена прашањето дали го прекршил договорот.

    Откако Маск беше обвинет во 2018 година, пред тој да се согласи на договорот, Комисија за хартии од вредност најпрво сакаше да го присили да се повлече од функцијата извршен директор и претседател на Управниот одбор на Тесла. Тој конечно се согласи да се повлече од функцијата претседател на одборот, но остана извршен директор, притоа не признавајќи дека сторил некакво кривично дело.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично