ПОВЕЌЕ

    Дали Џек Ма ќе ја напушти компанијата која ја основаше?

    Време зa читање: 2 минути

    Ант Груп изјави дека нејзиниот основач, милијардерот Џек Ма, бил заинтересиран да го продаде својот удел и со тоа, да ја предаде контролата врз фирмата.

    Кинеските регулаторни агенции навестија дека овој потег може да го намали континуираниот надзор на неговата деловна активност во Пекинг.

    Списанието Вол Стрит претходно објави дека Ма понудил да ги продаде своите делови од Ант Груп на кинеската влада на состанок со регулаторите во ноември.

    Претставници на Централната банка, Националната банка на Кина (PBOC) и Кинеската агенција за регулирање на банкарството и осигурувањето (CBIRC) разговараа одделно со Џек Ма и Ант Груп од јануари до март.

    Ант Груп не сака да го продаде својот удел на Џек Ма. „Одземањето на уделот на Ма во Ант Груп никогаш не било предмет на дискусија“, изјави портпаролот на Ант Груп.

    Друг извор, кој е исто така поврзан со Ант Груп, посочил дека тој не смее да го продава својот удел, но ќе мора целосно да ја напушти компанијата. Друга опција е да го пренесе својот удел на кинески инвеститор, кој е поврзан со државата.

    Според изворите, за било кој од овие потези е потребно одобрување од Пекинг,.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично