ПОВЕЌЕ

    Д-р Фадил Бајрами даде свечена изјава за вицегувернер

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во рамки на 110-та седница на Собранието, на 31-ви август 2019-та година, за вицегувернер на Народната банка беше именуван Фадил Бајрами.

    Тој ја извршуваше оваа одговорна функција и во изминатиот период. На 13 септември 2019, пред да започне неговиот нов вицегувернерски мандат, тој даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери.

    Народната банка изразува задоволство што Собранието, повторно со големо мнозинство од 76 гласови, го поддржа предлогот на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, се наведува во соопштението.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично