ПОВЕЌЕ

    Еве колкава била просечната нето-плата во Црна Гора за јули, 2020

    Време зa читање: 2 минути

    Просечната плата без даноци и придонеси во јули, изнесува 521 евра, што е за 1,1 процент помалку отколку во јуни.

    Просечната нето плата во јули била за два процента поголема отколку во истиот месец минатата година, додека бруто платата во јули била 778 евра.

    Просечните плати без даноци и придонеси во јули, во споредба со јуни, се зголемени во секторите сместување и услуги за храна за 11,2 проценти, земјоделство, шумарство и риболов за 10,1 проценти, во секторот недвижнини за 6,3 проценти, сообраќај и складирање 4,5 проценти, снабдување со електрична енергија 3,5 проценти, стручни, научни и технички активности 3,3 проценти, водоснабдување, управување со отпад еден процент, уметност забава и рекреација 0,7 проценти и информации и комуникации 0,1 процент проценти

    Падот е забележан во секторите образование 4,8 проценти, административни и помошни услужни дејности 4,5 проценти, други услужни дејности 3,9 проценти, јавна администрација и одбрана 3,5 проценти, производство 2,9 проценти, градежништво 0,7 проценти , трговија на големо и мало 0,5 проценти, рударство  0,4 проценти и здравствена и социјална заштита 0,2 проценти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично