ПОВЕЌЕ

    Германска „Commerzbank“ ќе затвора половина од своите филијали

    Време зa читање: < 1 минутa

    Според Börsen-Zeitung, извршниот одбор планира да затвори повеќе од половина од скоро 1.000 подружници низ целата земја до крајот на 2023 година. Покрај тоа, планирано е во таа групација да бидат намалени скоро 10.000 од 32.792 работни места во групацијата.

    Ова ги вклучува кратењата најавени минатата есен. Потоа банката најави дека ќе затвори 200 филијали и ќе намали 4.300 работни места, што требаше делумно да се компензира со отворање на околу 2.000 работни места на други позииции.

    Според весникот, програмата наречена „пресврт“ е на агендата на надзорниот одбор во среда по кадровски прашања, по што ќе се одржи дискусија.

    Како што може да се дознае понатаму, концептот на извршниот одбор на неколку места се реферира на стручното мислење нарачано од федералната влада како најголем акционер на Commerzbank од консултантската фирма BCG во 2019 година. Меѓутоа, досега, сојузната влада го држеше извештајот под клуч.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично