Пјер Марколини (56) е сопственик на истоимената марка на најдобрите, белгиски чоколади – „Pierre Marcolini“, а сега тој е и најдобриот слаткар во светот, барем според ставот на италијанската организација на готвачи „World Pastry Stars”.
На официјалната веб-страница на оваа компанија, можете да најдете разни други производи, па дури и познатите макарони, иако Марколини е најпознат по своите бонбони кутии, особено оние за подароци, во луксузно пакување.
Неговите слаткарници се наоѓаат низ целиот свет, од Германија до Кина, а чоколадите што ги прави Пјер Марколини може да чинат повеќе од 100 долари.
Тој започна да работи пред 25 години во Брисел, кога веќе имаше 31 година, што значи дека дури и влегувањето во четвртата деценија не значи дека е предоцна за започнување на вашата работа. Кога ја доби наградата, тој рече дека се надева дека чоколадото што ќе го направи ќе им обезбеди барем малку утеха на луѓето во овие тешки моменти.
Патем, Пјер Марколини е познат по тоа што сам печел зрна какао, со цел да го добие најдоброто какао. Исто така, овој Белгиец лично ја контролира секоја фаза во производствениот процес.