Во согласност со член 158 од Законот за хартии од вредност, Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, како Акционерско друштво со посебни обврски за известување, го доставува следново тековно соопштение за спроведени промени во органите на Банката.
Собранието на акционери на Банката го продолжи мандатот на досегашните членови на Надзорниот одбор, за што е добиена претходна согласност од Гувернерот на НБРСМ.
Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје продолжува да функционира во следниот состав:
- Д-р Георг Бухер – Претседател на Надзорен одбор
- Валбурга Зајдл – Заменик претседател на Надзорен одбор
- Славиша Којиќ – Член на Надзорен одбор
- Ханс Лудвиг Диксер – Член на Надзорен одбор
- Кристијан Поленак – Независен член на Надзорен одбор
- Сузана Ставриќ – Независен член на Надзорен одбор