ПОВЕЌЕ

    ЦКБ: Денес почнува исплатата на средства од социјалната заштита за јуни

    Време зa читање: < 1 минутa

    Средствата за корисниците на социјална помош ќе бидат достапни денес, информираат од Централна кооперативна банка.

    „Средствата по основ на примања од социјални права за месец јуни ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на 05.07.2023 година (среда).

    Сите клиенти кои имаат дебитни картички, средствата може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 05.07.2023“, наведено е во известувањето.

    На шалтерите исплатата ќе се врши по азбучен ред – според почетната буква на презимето на клиентите, и тоа во две групи:

    –  среда 5 јуни – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;

    –  четврток 6 јуни – М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично