ПОВЕЌЕ

    Централна кооперативна банка ќе им одобри дозволено пречекорување од две пензии или две нето плати, на сите апликанти клиенти на Еуростандард Банка

    Време зa читање: 2 минути

    Со цел да одговори на актуелната потреба за опслужување на постоечките клиенти на Еуростандард банка, Централна кооперативна банка АД Скопје се придружува на заедничките напори на банкарскиот сектор за брзо згрижување и прифаќање на клиентите кои останаа без матична банка за прием на своите месечни примања.

    Имајќи го во предвид погоренаведеното, во текот на месеците август и септември 2020 година, Централна кооперативна банка АД Скопје ќе им одобри дозволено пречекорување од две пензии или две нето плати, на сите апликанти клиенти на Еуростандард Банка, кои ќе се одлучат своите месечни примања да ги добиваат на своја сметка во Централна кооперативна банка АД Скопје. Единствен услов за одобрување на предвиденото дозволено пречекорување од две пензии или две нето плати е апликантите да имаат историја на редовни отплаќачи на кредитни изложености во последните шест месеци. На секој прифатен апликант, ќе му биде издадена и дебитна платежна картичка. На сите апликанти кои низ редовна процедура ќе ја докажат својата кредитоспособност, Банката може да им одобри и повисоки кредитни изложености во рамки на својата актуелна продуктна палета.

    Дополнително, на сите нови клиенти кои своите месечни примања по основ на пензија ќе ги примаат преку сопствена сметка во Централна кооперативна банка АД Скопје ќе им биде намален месечниот надомест за одржување на трансакциска сметка за 50%, до 31.12.2020 година.

    Централна кооперативна банка АД Скопје е подготвена низ брза процедура и со минимална документација да го прифати секој нов апликант примател на пензија или плата. На располагање ја ставаме  нашата деловна мрежа сочинета од 26 деловни единици и 35 банкомат распоредени во градовите Скопје, Тетово, Битола, Куманово, Крива Паланка, Прилеп, Штип, Охрид, Велес, Струмица, Кавадарци, Гевгелија, Пробиштип, Кратово и Ресен.

     

    Понудата не е ограничена на постоечки клиенти на Еуростандард Банка  и важи за сите апликанти кои ќе одлучат приемот на својата пензија или плата да го прават на своја сметка во Централна кооперативна банка АД Скопје.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично