ПОВЕЌЕ

    Кои 15 земји најмногу заработуваат од извоз на цигари?

    Време зa читање: 2 минути

    Глобалната продажба од извозот на цигари во 2019 година достигна 20,2 милијарди американски долари. Од година во година, вредноста на глобално извезените цигари се намали за -22,6% од 2018 до 2019 година.

    Гледано по континенти европските земји најмногу заработуваат од извоз на цигари, во текот на 2019 година со пратки во вредност од 12,2 милијарди американски долари или 60,5% од цигарите извезени во светот. Азија обезбеди 32,3% од вкупниот број на глобално ниво, потоа Северна Америка со 4,6%, помал процент доаѓаат од извозниците во Африка 1,3%, Латинска Америка 1%, освен Мексико, но вклучително и на Карибите, потоа Океанија 0,4% главно во Австралија и Нов Зеланд.

    Подолу се прикажани 15-те земји кои најмногу заработуваа од извоз на тутун.

    1. Полска: 3,5 милијарди американски долари (17,3% од извезените цигари)

    2. Германија: 2,3 милијарди американски долари (11,4%)

    3. Хонг Конг: 1,1 милијарди американски долари (5,4%)

    4. Сингапур: 1,1 милијарди американски долари (5,2%)

    5. Холандија: 962 милиони американски долари (4,8%)

    6. Индонезија: 899,3 милиони американски долари (4,4%)

    7. САД: 834,7 милиони американски долари (4,1%)

    8. Чешка: 785,1 милиони американски долари (3,9%)

    9. Романија: 754,9 милиони американски долари (3,7%)

    10. Литванија: 731,8 милиони американски долари (3,6%)

    11. Јужна Кореја: 717,4 милиони американски долари (3,5%)

    12. Кина: 705,9 милиони американски долари (3,5%)

    13. Украина: 652,7 милиони американски долари (3,2%)

    14. Португалија: 630,6 милиони американски долари (3,1%)

    15. Швајцарија: 532,1 милиони американски долари (2,6%)

    Според вредноста наведените 15 земји испорачале 79,9% од глобалниот извоз на цигари во 2019 година.

    Меѓу врвните извозници, најбрзорастечките извозници на цигари од 2015 година се: Украина (до 135%), Литванија (порасна за 130,2%), Полска (62,7%) и Кина (раст од 23,3%).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично