Минатата недела биле реализирани 15 нетрговски трансфери со вкупно 3.386 акции. Издадени се од 11 друштва, а доминираат акциите на Комерцијална банка и со количината и со бројот на трансакциите.
Во четири трансфери без берзанско тргување сопственоста е сменета кај 1.545 акции на најголемата домашна банка: понеделник – 841; вторник – 326; среда – 1; четврток – 377 обични акции. Акцијата на Комерцијална банка има просечна цена од 26.034,11 денари, а заедничката вредност на минатонеделните трансфери е над 40 милиони денари или повеќе од 654 илјади евра.
Две трансакции се изведени со 10 акции на Алкалоид: 8 во понеделник и 2 во среда. Просечната вредност на фармацевтската акција е 23.528,59 денари.
Централниот депозитар за хартии од вредност регистрирал четири нетрговски трансфери со опфат на по неколку стотини акции. Подарени или наследени се 801 обична акција на Либерти АД Скопје, чијашто просечна цена е 6 денари.
АрцелорМиттал (ХРМ) е застапен со 480 обични акции. Просекот е 2 денари за акција, а друштвото е долгорочно суспендирано од котација.
Трансферирани се и 276 обични акции на Гранит. Последното берзанско тргување со нив е изведено на втори јули, а просечната цена е 1.490 денари.
Со знакот на ФЗЦ 11 Октомври АД Куманово се 165 обични акции. Единечната цена за акција е 399 денари.
Во неделната статистика на нетрговските транфери се заведени 26 обични акции на Уготур АД Скопје, 25 на РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје, по 24 на ТЕАЛ АД Тетово и на РЖ Економика АД Скопје и 10 обични акции на РЖ Техничка контрола АД Скопје.
Аналитика








