ПОВЕЌЕ

    Централна кооперативна банка: Тешката година пребродена со добивка

    Време зa читање: 3 минути

    Со финансиски резултат што е за 37,7 насто подобар во однос на претходната 2021, Централна кооперативна банка во текот на минатата година оствари добивка од 619,6 илјади евра (38,1 милион денари). Постигнувањето е значајно, бидејќи работните активности се одвиваа во услови на неизвесност и бројни ризици, како последица од случувањата во светот и на домашниот терен.

    Сепак, негативните влијанија се одразиле во одделни сегменти од функционирањето на Банката. Забележан е пад на вкупната актива/пасива од 2,42 отсто и остварување на поставениот план од 92,3 проценти. Паричните средства и парични еквиваленти се намалени за 12,52 и пониски од планот за 9,24 отсто. Позицијата вложувања во хартии од вредност е пониска во однос на крајот на претходната година за 11,7 и пониска од планот за 21,9 проценти.

    Исто така, кај билансната вредност на издадените конвертибилни обврзници има пад во однос на крајот на 2021, како резултат на исплатената камата во текот на март лани. И во сегментот депозити на други коминтенти е евидентиран минус – од три отсто, како и во однос на планот за 8,8 проценти. Тоа е предизвикано од растечката инфлација во економијата и повлекувањето на дел од депозитната база од банките.

    Намалувањето на изворите на средства, пак, повлекло опаѓање на расходите за камати, и тоа за 9,6 отсто споредено со 2021 година. Оттаму, остварените расходи за камати се пониски за 10.2 проценти во однос на планираните.

    Раст од 1,58 насто има кај кредитите и побарувањата од други комитенти, а планот е исполнет со 95,1 процент. Ова нагорно движење во најголем дел е остварено преку кредитирањето на граѓаните. И останатите побарувања бележи пораст од 11,69 проценти, пред се поради авансната исплата на пензиите.

    Кога станува збор за вкупните приходи од камати, во споредба со 2021 година се пониски за 1,5 отсто. Сепак, Банката успеала да ги одржи стабилноста и квалитетот на кредитното портфолио. Но, од друга страна, наведуваат од Банката, регистриран е повисок нето-каматен приход од 1,7 насто, што, пак, е резултат од значително намалените расходи од камати.

    Планот е натфрлен кај реализираните приходи од провизии, кои се за 9,9 насто поголеми во однос на 2021 година. Тоа повлекло и раст во сегментот нето-приходи од провизии и надомести  за 16,7 проценти.

    Што се однесува до спроведувањето на годинешните планирани активности, ќе се следат трендовите на раст на инфлацијата и цената на капиталот, но и капацитетот на населението и фирмите за сервисирање на долговите. Како што се посочува, Банката максимално ќе биде претпазлива при преземањето нов кредитен ризик.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично