ПОВЕЌЕ

    ЦЕНИТЕ ПОД КОНТРОЛА, КАЗНИ ЗА ТРГОВЦИТЕ – усвоен Законот за нефер трговски практики

    Време зa читање: 4 минути

    Пратениците го изгласаа Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи. Неговата практична примена треба да ја сузбие нелојалната конкуренција во трговијата и да ги елиминира можностите за манипулација со цените. Или, законските одбредби доаѓаат на местото на доскорешните мерки кои ги држеа под контрола цените и барем делумно го штитеа стандардот на граѓаните.

    Суштината на Законот е тоа што земјоделските производители добиваат заштита како добавувачи, а на купувачите кои ќе се обидат да извлечат полза од нивниот труд ќе им следуваат казни и до 20 илјади евра. Всушност, се оди кон тоа да се отстрани нерамнотежата во нивните односи, каде што купувачите имаат поголема преговарачка моќ, а токму преку казните класифицирани на на потешки и полесни прекршоци, трговците ќе се учат на добро однесување.

    „Законот се очекува да ги елиминира неоправданиот и непропорционалниот трансфер на економски ризик од еден трговски партнер на друг или да се наметне значителна нерамнотежа на правата и обврските на еден трговски партнер кон друг. Надоместоците кои сега се наплаќаат во договорниот однос меѓу купувач и добавувач, кои сериозно влијаат на малопродажната цена на штета на потрошувачите, ќе се сметаат за забранета нефер трговска практика“, велат од Министерството за економија, од каде што и беше предложено ова законско решение.

    На пример, за употреба на значителна преговарачка моќ со наметнување нефер трговски практики, што би значело непочитување на роковите на плаќање, неутврдени деловни услови во договорот кој мора да е во писмена форма и слично, се предлага глоба од 1.000 до 2.000 евра за микро трговец, од 2.000 до 4.000 евра за мал трговец, од 6.000 до 12.000 евра за среден трговец и од 10.000 до 20.000 евра за голем трговец. За одговорните лица, пак, се предлагаат казни во распон од 50 до 500 евра, зависно од глемината на фирмата. За трговец поединец е предвидена глоба од 300 до 500 евра, исто како и за физичко лице.

    Како полесни прекршоци се третираат непостапувањето по заклучокот на Комисијата за одлучување по прекршок за доставување податоци во определен рок, давањето неточни или нецелосни податоци, спречување влез во делов ни простории, оневозможување увид во деловните книги и документацијата… За овие и други наведени пропусти, казните се движат од 500 до 750 евра за микро трговец, од 1.000 до 1.500 евра за мал трговец, од 3.000 до 4.000 евра за среден трговец и од 5.000 до 6.000 евра за голем трговец. Глоба ќе плати и одговорното лице, од 50 до 500 евра, согласно големината на фирмата.

    Листа на земјоделски и прехранбени производи ја носи министерот за економија, што ќе биде основа за утврдување на нефер трговските практики во синџирот на снабдување.

    „Предвидена е листа на земјоделски и прехранбени производи каде рабатот ќе биде ограничен на 10 отсто и во склоп на тоа ќе конкурираат меѓу себе синџирите на супермаркети што ќе влијае во намалување на цените“, посочуваат од Економија.

    Законот треба да донесе позитивни ефекти во работењето на добавувачите, купувачите и сите други оператори во различните фази на производство, преработка, маркетинг, дистрибуција и малопродажба на земјоделски и прехранбени производи и соодветна примена на забраните на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи. Уште повеќе, затоа што и Комисијата за заштита на конкуренција добива поголеми надлежности. Во првите шест месеци од стапувањето во сила на Законот ќе треба да ги усогласи сите акти и да обезбеди ресурси на технички и технолошки квалификуван кадар за правилна и непречена контрола согласно одредбите наведени во законот.

    „Комисијата за заштита на конкуренцијата за првпат добива надлежност да соработува со Европската комисија и телата на земји членки на ЕУ во постапките за идентификување нефер трговски практики, а особено да разменува информации и искуства за најдобри практики, нови случаи и нови настанати нефер трговски практики, како и мерки за извршување кои се носат во постапка за утврдување нефер трговски практики и давање помош во постапките за утврдување нефер трговски практики кои имаат прекугранична димензија“, наведуваат од Министерството за економија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично