ПОВЕЌЕ

    Буџетот во Собрание, протести во најава

    Време зa читање: 2 минути

    Владиниот предлог за досега најголемиот буџет од 5,5 милијарди евра ќе се разгледува од матичната Комисија за финансирање и буџет, а според очекувањата, од петок за „финансискиот устав“ ќе се расправа и на паламентарна седница. За кога е најавен и голем синдикален протест пред Собранието.

    За властите предлогот е одржлив, застапена е развојната компонента, а притоа пари ќе има за сите потреби, меѓу кои и за редовна исплата на платите, пензиите, социјалната помош, како и за двата изборни циклуси.

    Расходната страна е проектирана на 343,6 милјарди денари и за 5,8 проценти е повисока во однос на годинва, при што се очекуваат за десет насто поголеми приходи, кои би достигнале 310,1 милјарда денари. Оттаму, проектиран е буџетскиот дефицит за околу 9,2 милијарди денари понизок од 2023. Сет тоа во предвидени услови на економски раст од 3,4 и инфлација од 3,6 проценти.

    И покрај владините тврдења дека во 2024 ќе има пари за сите и за се, Синдикатите најавија голем протест следниот петок пред Собранието, кога буџетот ќе дојде на дневен ред пред пратениците.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично