ПОВЕЌЕ

    Буџетот на Америка е со дефицит од 163 милијарди долари 

    Време зa читање: < 1 минутa

    Јануарскиот дефицит на американскиот федерален буџет изнесува рекордни 163 милијарди долари, што е дури 130 милијарди повеќе од дефицитот од првиот месец минатата година. Тоа е резултат на помошта која им беше исплатена на граѓаните, објави Министерството за финансии.

    Приходите на буџетот во јануари се зголемија за три проценти во споредба со истиот месец во 2020 година и изнесуваат 385 милијарди, но расходите се повисоки за 35 проценти и достигнаа 547 милијарди, пренесува Ројтерс.

    Во првите четири месеци од фискалната 2021 година, дефицитот се зголеми за 89 проценти на 736 милијарди долари, приходите беа само за еден процент повисоки и достигнаа 1,19 трилиони, но буџетските расходи беа повисоки за 23 проценти и изнесуваа 1,92 трилиони.

    Во соопштението на Министерството за финансии се наведува дека јануарскиот буџетски дефицит е зголемен за 139 милијарди поради исплата на 600 американски долари за секој граѓанин во рамките на пакетот помош за време на пандемијата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично