ПОВЕЌЕ

    Бруто надворешниот долг изнесува 73,7% од БДП

    Време зa читање: 2 минути

    Бруто надворешниот долг на земјата изнесува 8.324 милиони евра, или 73,7% од бруто домашниот производ, соопшти Народната банка преку објава на податоците за движењата на надворешниот долг на крајот на вториот квартал од 2019 година.

    Во споредба со крајот на 2018 година, бруто надворешниот долг е повисок за 480 милиони евра, или за 6,1%. Притоа, во првата половина од 2019 година, долгот со исклучен ефект од специфичните активности за справување со девизните резерви на централната банка е зголемен за 255 милиони евра. Остварениот раст е резултат на зголемувањето на приватниот (за 201 милион евра) и на јавниот надворешен долг (за 24 милиони евра).


    Извор: НБРСМ

    Негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) во текот на вториот квартал од 2019 година е зголемена за 39 милиони евра и изнесува 6.264 милиони евра, што претставува 55,5% од проектираниот БДП за 2019 година. Кварталното зголемување на негативната нето МИП произлегува од поголемото
    зголемување на обврските (за 133 милиони евра), во споредба со зголемувањето на средствата (за 94 милиони евра). Гледано по инструменти, нето-обврските врз основа на должнички инструменти бележат зголемување за 21 милион евра, додека нето-обврските врз основа на сопственички инструменти се зголемени за 18 милиони евра, во најголем дел во форма на директни инвестиции.


    Извор: НБРСМ

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично