ПОВЕЌЕ

    Бројот на милионери во светот продолжува да расте

    Време зa читање: 2 минути

    Бројот на милионери ширум светот надмина 20 милиони во текот на 2020 година, покажуваат новите податоци објавени во вторникот од консултантската компанија Capgemini.

    Бројот на луѓе чие богатство вреди милион долари или повеќе се зголеми за 6,3 проценти, односно на 20,8 милиони луѓе, во текот на годината која се бореше со пандемија со коронарна вирусот во светот, наведува Capgemini.

    Вкупното богатство во сопственост на таа група на луѓе се зголеми за 7,6 проценти, односно за вкупно 80 трилиони долари. Големиот профит го стекнаа благодарение на повисоките пазарни вредности на акциите.

    Земјите во кои живеат најбогатите луѓе се САД, Јапонија, Германија и Кина. Во тие држави живее 63 проценти од светските милионери.

    Најбрз раст во 2020 година беше кај супер-богатите, оние кои имаат богатство вредно најмалку 30 милиони долари. Оваа група порасна за девет проценти во 2020 година.

    Capgemini ги следи цените на акциите, сопствениците на обврзници, алтернативните инвестиции, парите и средствата при вреднување.

    Исто така, Capgemini се потпира на податоци од меѓународните организации како што е Светска банка, како и на податоците од анкетите на богатите и нивните финансиски менаџери. Рангирањето во голема мера е во согласност со низа други скали на светските богатства кои се објавени неодамна.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично