ПОВЕЌЕ

    Бранот на инфлација ја ослабува глобалната економија

    Време зa читање: < 1 минутa

    Бранот на инфлација ја погоди глобалната економија поради ослабената монетарна политика и понискиот проток на капитал меѓу земјите, изјави првиот вицепремиер Андреј Белоусов.

    Тој на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург рече дека бранот инфлација има прилично неочекуван ефект врз светската економија.

    „Знаеме дека инфлацијата во САД е без преседан и изнесува повеќе од четири проценти. „Бранот на инфлација започнува во Европа и ние забележуваме ниво од два процента каде порано таа вредност беше нула“, истакна Белоусов.

    Според него, порастот на инфлацијата е знак не само дека монетарната политика е слаба, туку и дека се случуваат структурни промени како резултат на драстичното намалување на контактот меѓу луѓето, како и намалувањето на протокот на стоки, капитал и работна сила преку границите.

    Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург / ШПИЕФ / започна вчера и ќе трае до сабота, 5 јуни.

    Рускиот претседател Владимир Путин утре ќе учествува на пленарната сесија на овој форум.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично