ПОВЕЌЕ

    Booking.com ќе отпушти 4.000 вработени

    Време зa читање: < 1 минутa

    Компанијата за резервации на хотели и куќи за изнајмување „Букинг” (Booking.com) соопшти дека ќе отпушти повеќе од 4.000 вработени, што е една четвртина од нејзината работна сила, бидејќи патувањата драстично опаднаа поради пандемијата на коронавирусот.

    Отпуштањата ќе започнат следниот месец и ќе траат до крајот на годината, наведува матичната компанија „Букинг Холдинг”, која е сопственик и на компаниите за резервации на ресторани „ОпенТејбл” (OpenTable) и „Прајслајн” (Priceline).

    Како што пренесува Сеебиз, бројот на резервирани соби на „Букинг” во текот на првиот квартал од оваа година опадна за 43 проценти, на 124 милиони, а падот продолжува.

    Компанијата уште во мај ги предупреди инвеститорите да се подготват за полошо во вториот финансиски квартал, чии резултати треба да бидат објавени во четврток.

    Букинг има 17.500 вработени и повеќе од 200 канцеларии во светот.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично