ПОВЕЌЕ

    Џони Вокер со специјално издание „Блу Лабел“ по повод 200 годишнината

    Време зa читање: < 1 минутa

    „Џони Вокер“ го најави своето специјално издание „Блу Лабел“, по повод одбележувањето на својата 200 годишнина.

    Елегантниот пијалок кон крајот на оваа есен ќе пристигне на америкаснките полици за малопродажба, а ќе изнесува 350 американски долари по шише.

    „Џони Вокер“, брендот е шкотско виски кој го произведува Дијаџио, а потекло води од Килмарнок, во Шкотска. Тој е најраспространетиот вид на виски во светот, со пазар скоро во секоја земја, со годишна продажба од преку 130 милиони шишиња.

    Џони Вокер е најпродаваниот бренд на мешавини на виски на планетата. Секоја година продава над 223 милиони шишиња низ целиот свет. Наспроти единечниот слад, мешавините се комбинација на виски од слад и жито, добиени од многу производители.

    Компанијата која што е сопственик на овој бренд, неодамна соопшти дека планира до пролет, наредната година, во продажба да ја пушти првата количина на вискито во еколошка амбалажа.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично