ПОВЕЌЕ

    Дали биткоинот може да достигне цена од 500.000 долари?

    Време зa читање: 2 минути

    Гувернерот на американската централна банка, Џером Пауел, истакна дека ФЕД ќе дозволи инфлацијата да се искачи над два проценти.

    Банката на федерални резерви ќе го стори тоа за да може економијата да создаде што е можно повеќе работни места.

    Сите преостанати 16 службеници на Федералната банка исто така се согласуваат со новата политика, што во исто време значи дека Банката на федерални резерви ќе биде помалку склона да ги зголеми каматните стапки бидејќи невработеноста почнува да паѓа.

    Ова е сценарио кое им одговара не само на оние кои земаат заеми, туку и на берзите затоа што компаниите ќе можат полесно да ги отплатат заемите со каматни стапки од нула, а инвеститорите ќе бидат охрабрени да пристапат кон поризични инвестиции.

    Њујоркшкиот индекс на С&П500 во петокот заврши на рекордно ниво шести ден по ред, а тоа во најголем дел се заснова на одличните перформанси на технолошките акции.

    Дури и Dow Jones сега е на повисоко ниво отколку што беше на почетокот на годината.

    Новиот пристап на ФЕД, кој предвидува зголемување на каматните стапки, го оптовари доларот за време на викендот. Повеќе од 1,19 американски долари требаше да се платат за еврото, што е близу до максимумот во последните две години.

    Криптовалутите исто така добија нов интензитет. Пауел е пријател на биткоинот, забележуваат експертите, а некои дури велат дека новата политика на Федералната банка го означува почеток на крајот на т.н. „Фиат пари“.

    Некои компании веќе делумно ги менуваат своите парични резерви на криптовалути.

    Најоптимистичките аналитичари, кои, се разбира, предвидуваат голем раст на биткоинот, дури и до 500.000 американски долари.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично