ПОВЕЌЕ

    Битиќи за договорот со „Митилинеос“: За граѓаните обезбедуваме поевтина струја во наредните 20 години

    Време зa читање: 2 минути

    Со договорот за стратешката инвестиција на „Митилинеос“ за изградба на когенеративна централа во Скопје, обезбедивме модел со кој обезбедуваме поевтина струја за граѓаните во наредните 20 години – ова тврдење го искажа вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, во „Топ Тема“ на телевизија „Телма“.

    Битиќи истакна дека енергетската транзиција во државата ќе се случи не само со јавни, туку и со приватни инвестиции, кои се неодминливи.

    „Нема да бидеме повеќе зависни од гас, струја и не треба воопшто да се плашиме. Нашата долгорочна стратегија е да имаме доволно количина на енергија за сите потреби на граѓаните и државата“, рече Битиќи. Воедно, посочи дека со изградбата на гасната централа во Скопје освен што ќе се добијат дополнителни количини на струја за енергетскиот систем, ќе се задоволат и потребите за топлинска енергија.

    „Потребата од топлинска енергија во Скопје е 510GW, а моментално се произведува 275GW, имаме разлика која е израз на потребата за затоплување на домовите во Скопје. Со изградбата на оваа централа таа потреба ќе биде задоволена, а со тоа ќе се обезбеди и топлинска енергија за дополнителни 36.000 домаќинства во главниот град“, нагласи Битиќи.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично