ПОВЕЌЕ

    Битиќи во Комисијата за заштита на конкуренцијата: Трговците и цените под лупа на надлежните

    Време зa читање: 2 минути

    Владата нема да биде нем сведок на нефер или неетички практики во трговијата кои одат директно на штета на семејниот буџет на граѓаните, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи на работниот состанок со претседателот на Комисијата за заштита на конкуренцијата, Владимир Наумовски. На дневен ред беа ценовните движења во малопродажната мрежа, пред се на прехранбени продукти. Исто така, и постоењето можности за присуство на трговски практики кои, не само што ја нарушуваат слободната пазарна економија и конкуренцијата, туку предизвикуваат директни штети за граѓаните.

    „Постојат реални околности кои укажуваат на вештачко фиксирање на цените на високо ниво, како резултат на координирано договарање помеѓу трговците на цените на одредени производи, со што го контролираат и ограничуваат нивното слободно пазарно формирање, а со цел зголемување на нивната добивка. Оваа пракса оди директно на штета на граѓаните и производителите, и ова нема да го дозволиме“, посочи вицепремиерот Битиќи.

    На состанокот е констатирано дека Комисијата, како и другите надлежни институции треба да почнат со постапки за истражување на состојбата од аспект на тоа – дали постојат одредени законски повреди и злоупотреби кои доведуваат до нефер зголемување на крајните цени за потрошувачите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично