ПОВЕЌЕ

    Битиќи: Струја мора да се обезбеди, увезена или произведена – секако е субвенционирана

    Време зa читање: 2 минути

    Преризнично е за државата да оставиме да зависиме само од увоз на електрична енергија од други извори, така што нужност е вклучувањето на одреден блок во РЕК Битола, ијави вицепремиерот задолжен за еконо мски прашања, Фатмир Битиќи.

    Мора да обезбедиме минимум производство од домашни капацитети, наведе вицепремиерот одговарајќи на новинарско прашање – која е економската логика за работа на РЕК Битола кога се набавува струја на берза по цена од 73 евра, а производствената е 110 евра. Притоа, даодава, цената на берзите не е предвидлива до тој степен за да може целосно да се потпреме на купување струја.

    „Свесни за тоа каква производна цена имаме во овој момент, инвестираме во сите сегменти, особено во сегментот обновливи извори на енергија, во приватни инвестиции, кај што сакаме реално да го заштитиме јавниот интерес токму за да падне производствената цена и за да немаме вакви проблеми на испади кога домашното производство ќе биде повисоко од берзанските цени. Наназад, кога приликите биле малку поразлични, подобри, поповолни ние сме произведувале и со пониска цена“, нагласи Битиќи, укажувајќи – кога 40 години не се инвестира и не се мисли на следните 40 години, се случува ова што денеска ни се случува.

    СЕ НАМАЛУВА ЛИ БИЗНИС ИНИЦИЈАТИВАТА? Лани отворени 8.517 фирми, 148 помалку од преклани

    Веќе 20 години наназад во фу нкционирањето на ЕСМ нема економска логика, смета вицепремиерот, прецизирајќи „денес од нас зависи дали во наредните 20 години ќе продолжиме со нелогичното економско функционирање на тоа претпријатие“. Притоа, нагласи дека во актуелната ситуација кора да се обезбеди струја за стопанството и за граѓаните, а независно дали ќе биде увезена или произведена, секако ќе е субвенционирана.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично