ПОВЕЌЕ

    Битиќи очекува законот за нефер трговски практики Собранието да го донесе до април

    Време зa читање: 2 минути

    Пратениците ќе го донесат законот за нефер трговски практики, смета вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, затоа што Собранието ќе работи до почетокот на април.

    „Верувам дека пратениците на крај на мандатот ќе се одважат и ќе го донесат законот. Мислам дека тоа не е битно за ниту една влада, туку е важно за граѓаните“, посочи Битиќи.

    Воедно, апелира до парламентарците да ги донесат и законите кои се во процедура. Како што рече, во наредните два месеци ќе нема друг притисок, затоа што Владата нема да носи нови закони, па „пратениците треба да ги поминат сите останати закони“ кои се во собраниска процедура подолго време“.

    Инаку, предлог законот за нефер трговски практики е во Собранието од почетокот на месецов. Со усвојувањето на ова решение и со неговата имплементација во практиката, треба да се регулираат односите меѓу производителите и купувачите. Земјоделските производители ќе имаат заштита како добавувачи, а на купувачите кои ќе се обидат да извлечат полза од нивниот труд ќе им следуваат казни и до 20 илјади евра. Исто така, ја зголемува и надлежноста на Комисијата за заштита на конкуренцијата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично