ПОВЕЌЕ

    Битиќи и Бектеши на средби во ЕБРД: Поддршка за проекти за забрзана енергетска трансформација

    Време зa читање: 2 минути

    Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, и министерот за економија Крешник Бектеши во Лондон остварија средба со генералната директорка во Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) за одржлива инфраструктура, Нандита Паршад.

    На состанокот на кој присуствуваше и генералниот директор на НОМА Гас, Бајрам Реџепи, главен фокус беа активностите и проектите кои со поддршка на ЕБРД се реализираат во нашата земја, како и идните планови и проекти кои преку разни инвестициски проекти може да се поддржат во Северна Македонија во насока на реализирање на „зелената агенда“.

    На средбата беше поздравена успешната соработка која нашата земја ја има со ЕБРД, како банка која е еден од најголемите поддржувачи на инфраструктурни проекти во земјава.

    Во таа насока изразена е определба од двете страни дека реализацијата на проектите продолжува непречено да се одвива, независно од кризите предизвикани од војната во Украина, посебно што станува збор за реализација на важни проекти за граѓаните и државава, во областа на енергетиката, транспортот, животната средина.

    Владините претставници се заблагодарија за успешната соработка со ЕБРД, при што е разговарано и за можностите за унапредување и во делот на потребната техничка поддршка и експертизи.

    Вицепремиерот Битиќи истакна дека Владата активно работи на реализација на инфраструктурни проекти во насока на забрзан раст на домашната економија и подобрување на финансиската состојба на граѓаните.

    Министерот Бектеши посочи дека за државата е од клучно значење зголемувањето на енергетската независност, како и забрзаната енергетска транзиција, за што ја нагласи поддршката  што ја добива земјата, пред сѐ во изградбата на гасниот интерконектор помеѓу Македонија и Грција.

    Воедно, ја информираа директорката Паршад за идните планови за развој на енергетска инфраструктура во земјата посебно за проекти кои се од важно значење за регионално енергетско поврзување за што најголем бенефит ќе имаат домаќинствата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично