ПОВЕЌЕ

    Битиќи: Додека се доквалификуваат невработените, проблемот ќе се решава со „увезена“ работна сила

    Време зa читање: 2 минути

    Одржливи решенија за пазарот на труд се нашите сограѓани што живеат овде и сакаат да продолжат со преквалификација, доквалификација и креирање нови вештини со што ќе одговорат на барањата на компаниите. Сите други дискусии што мораме да ги отвориме, како што е евентуално увозот на работна сила, се решенија што не се одржливи, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

    Според него, примерот со компаниите што отвораат нови работни места и се подготвени да влезат во процесот на дуално образование, но и во преквалификација и доквалификација на работната сила, е клучот за успех. Односно, само на тој начи реално ќе се надмине недостигот на работна сила, рече вицепремиерот при посетата на гостиварската компанија за производство на душеци „Алмеро“ во Гостивар.

    Во земјава, посочи, има невработени и примарна цел е да се оспособат за полесно да се вработат. „Секое друго решение е за да може да се задоволи одредена потреба во краток временски рок“, истакна тој, додавајќи – додека се доквалификува домашната, ќе мора да увеземе работна сила од странство. Но, засега не е дефинирано за колкав број работници станува збор и од каде би дошле.

    Неодамна вицепремиерот, говорејќи на истата тема, соопшти дека во државата веќе работат  повеќе од 3.000 странци, а квотата предвидува пет илјади лица согласно Законот за вработување и работа на странци. Конкретно, квотата не може годишно да надминува пет проценти од населението на кое законски е вработено. Притоа, се користат официјалните податоци од Државниот завод за статистика.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично