ПОВЕЌЕ

    Бислимовски: Никој нема да е оштетен, евтина струја за 90 отсто од домаќинствата до крајот на месецот

    Време зa читање: 2 минути

    Домаќинствата кои имаат далечинско отчитување веќе имаат евтина тарифа, мерилата се сетираат група по група, па до крајот на месецов евтина струја ќе користат 90 отсто од домаќинствата, вели претседателот на Регулторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.

    „Не можат екипите на ЕВН одеднаш да заменат повеќе од 400.000 броила, но до крајот на месецот ќе ја имаат 90 отсто. Никој граѓанин нема да биде оштетен, тоа се однесува и на сметките“, изјави Бислимовски за „Студио 10“.

    Навраќајќи се на периодот кога беше укината оваа можност, посочи на неодржливоста на цените.

    „Кога ја укинавме во декември 2021, тоа беше во услови кога имавме цени на електрична енергија по 300-400 евра по мегаватчас, а во текот на денот достигнуваше до 500, 600, 700 евра. Едноставно, тие трошоци не можеа да се издржат. Бевме принудени да ја укинеме, но тогаш ветивме – во првиот момент кога ќе се создадат технички и пазарни услови, ние ќе ја вратиме евтината тарифа“.

    За снабдувањето со електричната енергија наведе дека податоците од нашиот најголем производител покажуваат дека нивните производни капацитети се во добра кондиција. Ќе произведуваат електрична енергија, пред се за домакинствата и малите потрошувачи, додека останатиот дел на слободниот пазар си функционира непречено.

    „Потрошувачката не електрична енергија заради поставување на фотоволтаици ни е намалена за 10 проценти. Ние кога определуваме цена, определуваме приход и го делиме со количина. Не е исклучена можноста да се зголеми цената на струјата, но да се амортизира со некакви решенија, како што ги имавме минатиот период.

    Но, доколку се држиме до плановите, а за 2023 година го исполнивме планот за домашно произвдство на електрична енергија – ќе немаме никакви проблеми. Сите домашни капацитет да бидат во функција за да можеме да имаме добри резултати. Ова ќе важи и за 2024 година“, вели Бислимовски

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично