ПОВЕЌЕ

    Како да станете претприемач?

    Време зa читање: 3 минути

    Да имаме наш бизнис е еден од нашите најголеми сонови. Во формалната едукација, најчесто се зборува за техничките делови. Како да напишете бизнис план, како да го водите сметководството, маркетинг, односи со јавноста, и слично.

    Според одредени истражувања, тоа што прави одредени луѓе да имаат добри предиспозиции за да бидат успешни претприемачи е прецизно препознавање на тагата во луѓето. 

    Во суштина, да се биде претприемач значи да се биде експерт во одредена област и причините кои ги прават луѓето неисполнети и тажни. Ќе успееме да се поврзиме со тие луѓе само ако можеме да им помогнеме да го добијат тоа што го сакаат.

    Живееме во време кога сите производи и услуги ни ги задоволуваат потребите и ги имаме во изобилство. Што е тоа што можеме ние како претприемачи да додадеме на оваа огромна палета? За да го одговориме тоа прашање треба да се запрашаме, што е тоа што не прави нас несреќени, нецелосни и тажни? Секоја тага е можност за бизнис. Вашите фрустрации се можни примери за каде може да се искористи можноста проактивно да се делува во капиталистички систем, и да се претвори проблемот во можност за заработка. 

    Помислете на тоа колку е тешко да се најде добар партнер, правилно да се едуцираат нашите деца, да се справиме со анкциозност, да се смириме и релаксираме во текот на вечерните часови, или едноставно да дознаеме што да правиме со нашите животи. Нашите иритирања се можност за паметниот претприемач да превземе нешто. Можеби вие ќе бидете тој претприемач. 

    Затоа, првиот чекор кон калење на вашиот претприемнички дух, е да бидете експерт и да ја анализрата вашата тага, вашите фрустрации и работите кои ве иритираат. Бидејки кога приходите на повеќе бизниси од сродна индустрија страдаат, е најчесто поради тоа што голем дел од нив се обидуваат да се справат со истиот проблем на потрошоувачите. Со други зборови, има премногу слична понуда а не доволно голема побарувачка. Големи се шансите да имате неуспех доколку имате сон да основате ваша авионска компанија или нова верзија од паметен телефон. Не само поради тоа што ќе ви бидат потребни огромни инвестиции, туку поради фактот што тука веќе има голема понуда.

    Тие компании што остваруваат големи профити се тие што први, или можеби најдобро, ќе ја претворат тагата во среќа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично