ПОВЕЌЕ

    Се отвора првата академија Безос: Бесплатна е, и е наменета за деца од сиромашни 

    Време зa читање: 2 минути

    Џеф Безос, основач и извршен директор на Амазон, вчера на Инстаграм објави дека првата академија Безос, ќе биде бесплатно училиште за деца кои доаѓаат од семејства со ниски примања, и ќе биде лансирана во октомври во јужен Сиетл.

    Оваа училница е само почеток“, напиша Безос и додаде дека Академијата ги отвора вратите за децата на 19 октомври. Како што е дополнително забележано, планот е да се отворат повеќе вакви институции низ целата земја. Наставната програма ќе трае во текот на целата година, пет дена во неделата, за деца на возраст од 3 до 5 години.

    Најбогатиот човек на планетата најпрво објави дека планира да изгради мрежа на бесплатни предучилишни установи во ноември 2018 година, кога го основаше „Фондот за денот еден на Безос“, вреден две милијарди долари. Фондот има два приоритета: донирање во непрофитни организации кои им помагаат на бездомниците и градење мрежа на предучилишни установи.

    Од своето основање, Фондот донираше околу 100 милиони долари годишно за разни непрофитни организации, а основачот на Амазон остана релативно тивок за училишната иницијатива, до денес. Училиштата ќе бидат инспирирани од програмата Монтесори, метод на образование каде што наставните програми се попрактични, позабавни и конкретни.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично