ПОВЕЌЕ

    Без роаминг од 1 јули не важи за Грција и Бугарија, таму ќе плаќате 89 денари за минута

    Време зa читање: 3 минути

    Од овој четврток започува да важи договорот меѓу земјите од Западен Балкан за бесплатен роаминг. Сепак овој договор важи за разговорите меѓу Македонија и петте земји од регионот Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. За жал најискористената дестинација за летни одмори Грција, како и соседна Бугарија не се вклучени во овој договор.

    Разговорите со овие земји и интернет комуникацијата останува да се плаќа по многу високи цени. Во зависност од кој оператор го изберете интернет чини 59 ден/МБ, смс 16,90 денари, појдовни повици 89 ден./мин и дојдовни 25 ден/мин.Овие цени се ако сте приклучени на Телеком мрежата и сте во Грција.

    Доколку сте корисник на мрежата на Телеком

    Оператор Интернет SMS Појдовни повици Дојдовни повици
    Водофон
    59

    ден./MB

    16.90

    ден./порака

    89

    ден./мин.

    25

    ден./мин.

    Ситуацијата е слична и доколку ја користите мрежата на А1Вип.За минута доколку се јавувате од Грција ќе ве чини 79 денари, а доколку ви се јавуваат од Македонија, а вие се наоѓате во Грција ќе платите 29 денари за минута. СМС пораката чини 19 денари, а интернет 39 денари(100КБ).

    Доколку сте корисник на А1 ВИП и во Грција разговарате преку Водофон

    кон дома/ земја на посета Меѓународен повик Роаминг – дојдовен повик Појдовен SMS Интернет>(100KB) 4G Достапност
    79ден/мин 79ден/мин 29ден/мин 19 денари 39денари Да

    Со петте земји Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, македонските граѓани ќе плаќаат колку што плаќаат и дома.

    -Ако дома имате на пример тарифен модел со месечна претплата од 1000 денари, а во него имате неограничени бесплатни разговори и во соседните земји на пример ако сте во Србија разговорите ќе ви бидат бесплатни, значи се е вклучено во претплатата, појаснуваат од АЕК.

    Ова е кај пост пејд корисниците.Кај при пејд корисниците цената на разговорите во земјите од регионот ќе ви биде иста како и дома. Ако дома плаќате пример два денари минута толку ќе ве чини и во Босна на пример.Со тоа што може кај при пејд корисниците разговорите надвор да би биле незначително повисоки.

    Поинаква е ситуацијата кај интернет сообраќајот.

    -Ако со вашата претплата имате одредена количина на бесплатен интернет, бесплатно ќе може да го користите интернетот и во Албанија на пример. Сепак на користење ќе имате помала количина на бесплатен интернет иако во вашата тарифа е предвидено повеќе, истакнуваат од Агенцијата

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично