ПОВЕЌЕ

    ,,КРАЛИЦА” НА ПОПУСТИТЕ: БЕЗ НИНА, ВО ГРУПЕР СЕ СТОПИЛА ДОБИВКАТА, НАЈБОГАТИОТ СРБИН ЈА КУПИ КОМПАНИЈАТА и си ја вработи

    Време зa читање: 3 минути

    Од 146 илјади евра добивка во 2020 на 15 илјади евра во 2021 паднал профитот на компанијата Вебспот каде прв човек беше кралицата на попустите Нина Ангеловска.

    Српската платформа за онлајн продажба, Ananas.rs, од Payten го откупи 100 % сопствеништвото на компанијата Вебспот, со што стана сопственик на македонските брендови за онлајн купување, Grouper.mk и PaoPao.mk, порталот Пари во соработка со БизнисМрежа.мк провери во каква состојба е компанијата Вебспот. Податоците покажуваат дека работела одлично во време на Нина Ангеловска, но откако во февруари, таа објави дека Групер станува дел од полската групација Asseco SEE, во чии рамки е и Payten, работите тргнале надолу. Така, во 2021 година приходите се намалиле за 17,5 % во однос на 2020 година, расходите се зголемиле за 22,3 %, а добивката се „стопила“ за дури 89,7 %! Со вакви финансиски резултати не е ни чудо што Нина Ангеловска стана дел од српската Ананас, која е основана од Делта холдинг – компанија во сопственост на најбогатиот српски бизнисмен, Мирослав Мишковиќ.

    На 16 февруари минатата година, Ангеловска објави дека Групер станува дел од полската групација Asseco SEE. Еве какви резултати остварила лани компанијата Вебспот.

    ГодинаВкупни приходиВкупни расходиНето-добивка
    2021377.000 евра359.000 евра15.000 евра
    2020457.000 евра293.000 евра146.000 евра
    2021/2020-17,5% +22,3%- 89,7%

    Претходно, Пари објави какви добивки остварила Ангеловска во последните шест години од работењето на Групер, пред да стане дел од полската групација. Податоците покажаа импозантна добивка од 545.000 евра! Прочитајте на:  http://pari.com.mk/kolku-pari-svrte-nina-so-gruper/

    Деновиве Ангеловска на својот фејсбук-профил објави:

    „2023 ќе биде возбудлива година за регионалната е-трговија.

    После долгогодишно искуство, предизвици и менување на македонската е-трговија, прво со Grouper, а потоа и со Македонската асоцијација за е-трговија, со истата пасија како и до сега, се впуштам во нов предизвик наречен Ананас.

    Ако некој го има тоа што е потребно за да ја промениме е-трговијата на Балканот и да го донесеме онлајн купувањето што е присутно на развиените пазари, тоа е Ananas e-commerce!

    Ресурси, знаење, професионалци со кои ќе ми биде задоволство да работам, јасна визија и пасија која е клучна за успех.

    Патот нема да биде лесен, ќе има многу пречки и предизвици, ама верувам дека имаме сѐ што е потребно за брзо да ги совладуваме.

    Ќе биде тешко а(ма) јако! Задоволство ми е што од денес официјално Grouper.mk стана дел од Ананас ‒ одличен фит и многу синергетски можности за раст“.

    Лектор: Христина Ангелеска

    Редакција Пари

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

     

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично