ПОВЕЌЕ

    Македонска берза го објави месечниот статистички билтен за декември 2020

    Време зa читање: < 1 минутa

    Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.12 – 31.12.2020 година вкупниот промет изнесувал 496.930.924 денари што претставува зголемување за 58,65 отсто во однос на претходниот месец.

    Класичното тргување изнесувало 400.619.219 денари и е зголемено во однос на ноември за 65,51 отсто кога изнесувало 242.052.777денари.

    Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 369.840.120 денари и обврзници во вредност од 30.779.099 денари.

    Блок трансакциите за декември изнесувале 96.311.705 денари и се зголемени за 35,31 отсто во однос на ноември.

    Бројот на трансакции во декември изнесувал 1.437 и е зголемен за 20,15 отсто во однос на ноември кога изнесувал 1.196.

    Најтргувани акции на официјалниот пазар за декември се на Комерцијална банка Скопје, следи Макпетрол, а третото место го зазема Алкалоид Скопје.

    • Месечниот статистички билтен за декември 2020 година можете да го погледнете тука.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично