ПОВЕЌЕ

    БЕКТЕШИ СО НАЈАВА: Дизелот под 75 денари, инфлацијата 7,1 процент

    Време зa читање: < 1 минутa

    Цената на  дизелот ќе дојде на нивото од ланскиот февруари, најави министерот за економија Крешник Бектеши, додавајќи дека ќе биде со износ од или под 75 денари.

    „За само една недела цената на дизелот е намалена за речиси 4,5 денари. Тој тренд ќе продолжи и оваа недела. Се враќаме на цената на горивата од февруари минатата година, што ќе има позитивно влијание врз намалување на инфлацијата“, нагласи министерот.

    Според него, инфлацијата ќе се намали на 7,1 процент, со очекување дека во текот на летото стапката ќе биде уште пониска. „Не може врз се да се влијае, бидејќи Европа и светот се во криза, а ние сме увозно зависни. Но, енергенсите се веќе стабилизирани како главен инпут во производството, струјата не надминува 140 евра по мегаватчас, а и цените на другите суровини одат надолу на светски берзи, така што ќе ја намалиме инфлација на 7,1 процент, а летово и повеќе“, рече Бектеши.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично