ПОВЕЌЕ

    Бектеши: Рекорден број на фотонапонски централи во моментов се градат во државата

    Време зa читање: 2 минути

    Во завршна фаза, со добиени градежни дозволи се фотонапонски централи со инсталирана моќност од над 400 мегавати, информираше министерот за економија Крешник Бектеши на денешниот брифинг со медиумите. Според министерот, се работи за рекорден број на фотонспонски централи кои што се градат во државата досега.

    Министерот потенцираше дека интересот за изградба на на фотонапонски централи е посебно зголемен, посебно откако беа олеснети условите и постапките за добивање на дозвола.

    Минатата недела, учествувајќи на панелот „Северна Македонија како зелен енергетски хаб – како да се претвори кризата во можност“, во рамките на годишната конференција „Година на нови можност”, премиерот Димитар Ковачевски се пофали дека минатата година се инсталирани обновливи извори на енергија над 150 мегавати, што снабдуваат некаде околу 67.000 домаќинства со електрична енергија, унапредување на дистрибутивната и преносната електроенергетска мрежа преку граничното поврзување со сите земји од регионот. Инвестициите на Владата во зелената трансформација на земјата, според Ковачевски, треба да се движат во неколку насоки, со што ќе се обезбеди национална енергетска независност, поврзување и диверзификација на енергенси за државата, инвестиции во обновливите извори на енергија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично