ПОВЕЌЕ

    Бектеши најави минус 10% и кај цените на пијалаците

    Време зa читање: < 1 минутa

    „Намалување на цените на безалкохлните и алкохолните пијалоци!

    Денеска добив неколку писма од нашите домашни производители на минерална вода, сокови, пиво кои ме известија дека доброволно се вклучуваат во кампањата ГАРАНТИРАНА ЦЕНА со намалување на цените од минимум 10%!“.

    Со оваа објава на својот ФБ профил министерот за економија, Крешник Бектеши, информира за претстојните промени на цените на пијалаците, а воедно и се заблагодарува за поддршката.

    Трговците, пак, се уште се прилагодуваат кон владината одлука, со која сите производи опфатени во 25 категории прехранбени артикли, треба да имаат цена намалена за 10 проценти, во однос на таа што била важечка на први август.

    Сепак, не секаде се направени корекциите. А, таму каде што има промени, намалувањата се минмални, реагираат граѓаните. На пример, кашкавалот е поевтинет за десет до 20 денари, тестенините за десет денари, а исто толку табла јајца.

    Ознаката „гарантирана цена“ треба да ја има кај одделни видови леб и печива, млеко, сирење, јогурт, месо, наполитанки, бисквити…

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично