ПОВЕЌЕ

    Бектеши тврди: Струјата со иста цена до крајот на годинава

    Време зa читање: 2 минути

    Цената на струјата нема да се менува во наредните шест месеци, односно нема да се случи поскапување, вели министерот за економија, Крешник Бектеши. За новиот модел за пресметување на цената на електричната енергија ќе се разговара иднот месец со министерот за финансии, со претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и со другите членови од Енергетскиот совет, но без оглед на исходот, до крајот на годината нема да се прават ценовни корекции.

    „Уште од денес можам да им кажам на граѓаните дека нема да плаќаат поскапа струја. Кој ќе биде моделот, тоа сите заеднички ќе го дефинираме во рамките на Енергетскиот совет. Граѓаните поголема цена на струја од постојната нема да плаќаат за наредните шест месеци, значи од први јули па до крајот на годината“, нагласи министерот Бектеши.

    И доколку ДДВ се врати на 18 проценти, што исто така е тема на разговор, тоа нема да ги зголеми сметките на граѓаните, тврди Бектеши. Притоа, вели, со новиот модел може и да се намалат. Регулаторите веќе имаат направено анализи, прво треба да одат на увид во Владата.

    Инаку, стапката на ДДВ за електричната енергија од 18 беше коригирана на пет проценти во текот на 2021, а во јануари годинава се зголеми на 10 проценти. Целта на интервенцијата беше барем делумно да се санираат поместувањата предизвикани од енергетската криза.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично