ПОВЕЌЕ

    Бектеши сигурен дека од 1. јули нема да поскапи струјата

    Време зa читање: 2 минути

    Владата преку цената што државната компанија за производство на електрична енергија ЕСМ ќе ја понуди на ЕВН Хоум ќе интервенира и нема да дозволи зголемување на цената на струјата од 1 јули годинава. Во поткастот „Каде се парите“ на pari.com.mk, министерот за економија Крешник Бектеши го повтори ставот дека ако Регулаторната комисија за енергетика прифати дел од барањата на фирмите за повисоки трошоци и поради зголемување на ддв – то од 10 на 18%, тогаш Владата ќе одреди пониска цена на електричната енергија што ја бара ЕСМ за да може да работи рентабилно.

    „Можам само да потврдам уште еднаш дека зголемување на постоечката цена на електричната енергија нема да има, иако може да има зголемување во делот на зголемување на ДДВ-то, но секако дека ќе се интервенира во делот на намалување на цената на ЕСМ која ќе ја понуди кон ЕВН Хоум“, изјави Бектеши  додавајќи дека разликата меѓу бараната и одобрената цена, на ЕСМ ќе и се компензира со пари од буџетот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично