ПОВЕЌЕ

    БДП-то на Истанбул е повисок од севкупниот БДП на земјите од Западен Балкан

    Време зa читање: < 1 минутa

    Бруто домашниот производ во Истанбул е повисок од севкупниот на земјите на Западен Балкан, односно Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово, Србија, Хрватска и Црна Гора, пренесува bankar.me.

    Сонер Шагаптеј, директор на турската програма за истражување на Институтот за блискоисточна политика во Вашингтон, вели дека најголемиот град во Турција има БДП од 256 милијарди долари, а Западен Балкан има околу 253 милијарди долари.

    Според Светската банка, БДП-то на Турција лани изнесувал 740 милијарди долари, а колку за споредба, БДП на Босна и Херцеговина бил 20,2 милијарди долари.

    Истанбул има население од 15,5 милиони додека Западен Балкан има околу 28,6 милиони.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично