ПОВЕЌЕ

    БАЗИЧНАТА ИНФЛАЦИЈА ЗАБРЗУВА и тоа е сериозен сигнал

    Време зa читање: 2 минути

    Базичната инфлација, која ги исклучува цените на храната и енергенсите и се смета за еден од најважните показатели што ги следат централните банки, во април месечно порасна за 1,84 насто, додека во март растот изнесуваше само 0,33 насто. Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, објаснува дека ваквото забрзување покажува дека инфлаторните притисоци постепено почнуваат да се прелеваат низ целата економија.

    Според Славески, кај базичната инфлација веќе се вградени и очекувањата на компаниите и на граѓаните за идните цени, платите и трошоците, што дополнително може да го засили растот на цените во повеќе сегменти од економијата. Тој предупредува дека токму затоа централните банки внимателно го следат овој индикатор, бидејќи преку него најдобро се гледа дали инфлацијата почнува да станува подолгорочен и потежок проблем за контролирање.

    „Но, суштината на базичната инфлација, јас имам еден поим како да е вгнездена инфлација. Англискиот назив е Underlying Inflation. Тоа се домашните фактори. Тоа е онаа борба помеѓу факторите за производство во распределбата. Трката за зачувување од страна на работниците, вработените на сопствениот животен стандард. Барањата за индексација на платите во рамките на движењето на очекуваната инфлација и секако бизнисот кој се грижи за зачувување на вредноста на капиталот и за одредена профитна стапка. Дури има централни банки, меѓу кои системот на Федерални резерви во САД, каде што одлуките околу движењето на каматните стапки повеќе ги темелат на движењето на базичната инфлација, одошто на оваа стапка на општа стапка на инфлација“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично