Банкарскиот сектор продолжува да ја јакне својата позиција. Со растот на кредитирањето и на депозитите, растат и добивките.
Во првите 6 месеци од годинава нивната заедничка добивка по оданочување е 89,2 милиони евра.
Во истиот период – прво полугодие во минатата година, банките направиле заедничка добивка од 74,2 милиони евра. Значи, за една година растот на добивката е 20,2 %.
Според Биласнсот на успех за целиот банкарски систем, што го објави Народната банка, во првото шестмесечие од годинава, вкупните приходи на банкарскиот сектор од камати бил 156 милиони евра, а вкупните приходи од провизии и надоместоци изнесувале 76,14 милиони евра.