Дискусиите и извештаите за вештачката интелигенција, како и можностите во индустријата за финансиски услуги продолжуваат да се шират во склад со значителниот раст на технологијата, но со добра причина: Вкупната потенцијална заштеда на банките од апликациите за вештачка интелигенција се проценува на 447 милијарди американски долари до 2023 година.
Повеќето банки (80%) се свесни за потенцијалните придобивки од вештачката интелигенција, според истражувањата на експертите за финансиски услуги. Всушност, многу банки планираат да спроведат решенија засновани на вештачка интелигенција: 75% од испитаниците од банките со средства над 100 милијарди американски долари велат дека во моментов спроведуваат стратегии со вештачка интелигенција, споредено со 46% од банките со средства помалку од 100 милијарди долари, според извештајот на UBS во кој Business Insider Intelligence имала увид.
Одредени случаи на употреба на вештачка интелигенција се веќе познати во банкарскиот бизнис, како што се chatbot или чет-ботови коишто се во комуникација со клиентите (автоматизирани прашања и одговори).
Банките можат да користат вештачка интелигенција за да го трансформираат искуството на клиентите, овозможувајќи им да комуницираат со клиенти без никакви проблеми – меѓутоа вештачката интелигенција во банкарските апликации не е ограничена само на банкарски услуги. Секторите на инвестициското банкарство и сите останати финансиски услуги по ова прашање би можеле да имаат корист од вештачката интелигенција.
Трите главни канали каде банките можат да користат вештачка интелигенција за да заштедат трошоци се комуникација со клиенти, борба против измама и преземање на финансиски ризик со одредена надокнада (underwriting).
Во овој извештај, Business Insider Intelligence ги идентификува најзначајните апликации за вештачка интелигенција во банкарскиот сектор.
Банките користат вештачка интелигенција за лесно да ги идентификуваат клиентите, да имитираат вработени во живо преку чет-ботови и говорни асистенти, да ги продлабочуваат односите со клиентите и да обезбедуваат персонализиран увид и препораки.
Апликациите за вештачка интелигенција, исто така, се користат за откривање и спречување на измами со плаќање и подобрување на процесите на AML и KYC.
Победничките стратегии што ги користат банките кои претрпуваат трансформација овозможена од вештачка интелигенција, откриваат како да го искористат максимумот од можностите. Овие стратегии ја нагласуваат потребата за холистичка стратегија за вештачка интелигенција која се протега од деловните линии на банките, употребливите податоци, партнерствата со странски соработници до квалификувани вработени.
Извор: Bankar.rs