ПОВЕЌЕ

    На литванските банки им порачаа да се подготват за прекини на струја и сајбер напади: Причина – ризик од воен конфликт

    Време зa читање: 2 минути

    Централната банка на Литванија им наложи на банките во земјата да се подготват за прекини на струја и сајбер напади.

    Причината е ризикот руско-украинската криза да се претвори во воен конфликт.

    Прекинот на струјата и пристапот до интернет се меѓу „екстремните, но можни“ сценарија на кои треба да се подготват финансиските компании, наведува Централната банка на Литванија во писмото до банките испратено до нив минатата недела, до кои Ројтерс имал пристап.

    Русија распореди повеќе од 100.000 војници во близина на границите на Украина, што предизвика страв од инвазија. Литванија, како и соседните балтички земји Латвија и Естонија, делат заедничка електрична мрежа со Русија, која започнува од Москва.

    „Растечките геополитички тензии во регионот доведуваат до зголемени закани од сајбер напади, вклучително и напади врз клучната информациска инфраструктура“, предупреди Централната банка на Литванија во писмото.

    Предупредувањето дојде откако регулаторите на ЕУ генерално им наложија на банките да се подготват за потенцијални руски сајбер напади, а некои финансиски компании симулираат услови за сајбер војна преку игри за да ја тестираат нивната способност да се спротивстават на такви напади.

    Литванските банки треба да имаат планови за итни случаи за сајбер напади како што се малициозен софтвер (ransome софтвер) и DDoS напади, со кои хакерите се обидуваат да ја преплават мрежата со ослободување на големи количини на податоци во сообраќајот, се вели во писмото на Централната банка.

    Две украински банки беа цел на сајбер напад во вторникот, се вели во соопштението на Украинскиот центар за информатичка безбедност.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично