ПОВЕЌЕ

    Азиски пазари: Внимателна трговија, благ пад на индексот

    Време зa читање: 2 минути

    На азиската берза во петокот се тргуваше претпазливо поради непрекинато ширење на коронавирусот во Европа и затоа што се повеќе станува јасно дека нема да има нов фискален стимул во САД пред претседателските избори.

    Индексот на азиско-пацифички берзи MSCI, со исклучок на јапонскиот, се намали за 0,2 проценти околу 7:00 часот, ослабувајќи трет ден по ред.

    На берзата во Токио, индексот Никеи падна за 0,3 проценти, додека цените на акциите во Шангај, Сингапур, Австралија и Јужна Кореја се лизнаа од 0,3 до 1,2 проценти. Во Хонг Конг, пак, тие се зголемија за околу 0,8 проценти.

    Азиските инвеститори се претпазливи затоа што цените на акциите паднаа на Вол Стрит вчера трет ден по ред, што се должи, меѓу другото, и на слабите економски индикатори.

    Во САД, минатата недела бројот на нови бенефиции за невработеност скокна 898,000, најмногу за два месеци и повеќе од очекуваното.

    Ова покажува дека заздравувањето на пазарот на трудот од коронската криза е во застој и се чини дека нема да има нови фискални стимулации пред претседателските избори на почетокот на ноември.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично