ПОВЕЌЕ

    Априлската инфлација 13 проценти, Бектеши тврди владините мерки даваат резултати

    Време зa читање: 3 минути

    Инфлацијата измерена во април е 13 проценти, колку што се зголемени и трошоците на животот во однос на истиот месец лани. Индексот на цените на мало бележи зголемување од 10,1 насто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

    Априлскиот индекс на трошоците на животот споредено со март е 100,7, а индексот на цените на мало изнесува 101,4.

    Трошоците на животот се зголемени кај цигарите за 8,1 процент, кај свежиот и разладен зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за два, кај месото за 1,4, виното за 1,2, кафето, чајот, какаото за 0,5, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук, жестоките пијалаци за 0,4, рибата и морските плодови за 0,2 насто.

    Серија зголемувања на цени се регистрирани во април, во повеќе сегменти: воздухопловен патнички транспорт за 42,4 проценти, туристички аранжмани за 8,4, парамедицински услуги за 6,7, домашни миленици и сродни производи за 5,4, услуги за рекреација и спорт за 3,3, обувки за 2,7, поправка на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема за 2,4, игри, играчкиoт и хоби за 2,2, облека, поправки и изнајмување обувки за 2,1, поправка на апаратите за домаќинствата за два, другите лични предмети за 1,7 насто…

    Покус, но посуштински е списокот каде што се нотирани намалувањата: кај маслото и маснотиите за 6,5 отсто, свежото и разладено овошје за 3,2, млекото за 3,4, сирењето и урдата, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1,5, лебот и житата, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0,4 и пивото за 0,3 проценти.

    Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата за 4,9 отсто, градините, растенијата и цвеќињата за три, гасот за домаќинствата за 2,9, малите алатки и останатите додатоци за 1,3, другите апарати и производи за лична хигиена за 1,2, текстилот за домаќинствата за 0,8, книгите за 0,7 проценти…

    Овие статистички податоци се показ дека сите владини мерки дале сериозен ефект врз ублажувањето на кризата, потенцира министерот за економија Крешник Бектеши.

    „За само еден месец, од март до април, се намалиле трошоците за животот за храна и безалкохолни пијалоци за 5,2 проценти. Горди сме, можеме да кажеме дека Македонија е најевтина земја во регионот, во делот на прехранбените производи и нафтените деривати“, посочи тој.  Од октомври, пак, лани, па се до крајот на април минатиот месец, намалувањето на цените на прехранбените производи е 14,7 отсто. Според министерот, поголемо е намалувањето на цените од зголемувањето на платите во овој период.

    Воедно, додаде, иако цените на дериватите се берзански, Владата има простор со проценти да утврдува и да влијае врз цените како што се царината, ДДВ и останатите давачки. „Имаме простор да носиме вакви одлуки за да ги амортизираме високите цени“, нагласи Бектеши и притоа најави дека веќе од летните месеци инфлацијата ќе биде едноцифрена.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично