ПОВЕЌЕ

    Apple најави: Вработените се враќаат во канцеларија

    Време зa читање: 2 минути

    Американската технолошка компанија Apple им најавила на своите вработени дека до септември ќе мораат да се вратат во канцелариите.

    Работниците мораат да бидат најмалку три дена во неделата во канцелариите, се наведува во меморандумот кој е испратен до вработените и кој го напишал извршниот директор Тим Кук

    Тимовите кои мораат да работат и да бидат присутни во канцелариите ќе работат четири или пет дена.

    Apple исто така соопштил дека вработените ќе можат да се пријават за работа од дома, но само две недели годишно. Сепак, менаџерите ќе мораат да го одобрат барањето за работа на далечина на секој работник поединечно.

    Кук објаснил дека, и покрај брзината на префрлањето на работа на далечина, тоа не била адекватна замена за личната соработка.

    „Иако многу постигнавме додека работевме од дома, вистината е дека минатата година недостигаше суштината: а тоа е контакт со другите луѓе“, рекол тој.

    На Apple во текот на пандемијата приходите значајно му скокнале, до дури 50 % на годишно ниво, во главно поради продажбата на Ајфонот.

    Сепак, компанијата била значајно поконзервативна во поглед на политиката на работата од дома од останатите технолошки гиганти. Фејсбук, на пример, минатата година, објавил дека вработените би можеле од дома да работат постојано, се додека добиваат одобренија од менаџерите.

    Извршниот директор на Твитер Џек Дорси исто така се нашол на насловните страници кога најавил слична политика минатата година. Сепак, Гугл неодамна го објавил планот за враќање на своите вработени во канцелариите на три дена неделно.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично